Услуги

Во Вања Акаунтинг нудиме целосен спектар на сметководствени, даночни, консултантски и административни услуги за мали, средни, големи компании и поединци. Нашата цел е да имате јасна финансиска слика, законски усогласено работење и партнер на кој можете да се потпрете.

Услугите се прилагодуваат според фазата на развој на бизнисот, индустријата и специфичните потреби на секој клиент.

Сметководство, даноци и консалтинг за компании

Финансиско сметководство

Комплетно финансиско книговодство, извештаи и анализа за јасна слика на работењето.

Материјално сметководство

Следење на залихи, магацин и попис за оптимизирани трошоци и помал ризик од загуби.

Пресметка на плати & HR

Пресметка на плати, пријави, договори и целосна административна поддршка за вработени.

Даночни услуги

Даночна оптимизација, ДДВ, данок на добивка и персонален данок, усогласени со регулативата.

Извештаи & ревизии

Подготовка на извештаи, годишни сметки и документација за ревизии и институции.

Консултантски услуги

Стратешки финансиски и бизнис консалтинг, планирање и анализа на перформанси.

Административни услуги

Регистрации, промени, документи, фактури, патни налози и комуникација со институции.

Странски клиенти

Поддршка за странски сопственици, транснационални компании и пакети за Стартап, Мали, Средни и Големи бизниси.

KPI Анализи

Собирање на податоци од финансиски и оперативни извори, споредба со претходни периоди цели, носење заклучоци за идни одлуки.